Паѓа рекордот: Реал го добива најскапиот фудбалер во историјата
Иако германскиот клуб претходно објави дека 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска повторно им се приклучил на подготовките во Австрија по закрепнувањето од болеста, во исто време се воделе интензивни разговори со Реал Мадрид за финализирање на трансферот.
Според последните информации, двата клуба ги усогласуваат последните детали околу обештетувањето, кое заедно со бонусите би можело да достигне меѓу 130 и 140 милиони евра. Доколку договорот биде потврден, тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на „кралскиот клуб и ќе го надмине Џуд Белингам кој во 2023 година дојде од Борусија Дортмунд за 127 милиони евра.
Диоманде важи за еден од најталентираните млади офанзивци во европскиот фудбал. По одличната сезона во дресот на Лајпциг, тој го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, но Реал Мадрид успеа да се наметне како фаворит во трката за неговиот потпис. Доколку нема нови неочекувани пречки, Диоманде наскоро ќе отпатува за Мадрид на лекарски прегледи, по што ќе стави потпис на повеќегодишен договор со европскиот великан.