Шкендија тренираше без главниот тренер: Положани имал проблеми со визата!
Положани поради тоа ја пропушти официјалната прес-конференција и последниот тренинг пред натпреварот против Хибернијан. Наместо него, обврските ги изврши помошникот-тренер Куштрим Вока, заедно со останатите членови на стручниот штаб.
Од клубот соопштија дека проблемот со визата е решен и дека Положани ќе пристигне во Единбург во текот на четврток, кога ќе му се приклучи на тимот и ќе ја предводи Шкендија на натпреварот против Хибернијан.
Шкендија утре од 21 часот го игра првиот меч против Хибернијан од третото квалификациско коло во Конференциската лига.
Фото: ФК Шкендија