Фенербахче го реши Штурм Грац и со една нога е во плејоф на ЛШ

Турскиот гигант Фенербахче славеше со 2-0 против Штурм Грац во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Двата гола за турскиот тим беа постигнати во првото полувреме, и тоа прво Талиска погоди во деветтата минута, а потоа на истекот на регуларните 45 минути стрелаше Мејсон Гринвуд.

Реваншот меѓу двете екипи се игра на 11 август од 20.30 часот во Австрија, а Фенербахче веќе со една нога е во плејофот на ЛШ.

Во вториот меч од квалификациите за ЛШ, Архус го совлада Сабах Баку со 2-1.

Во останатите натпреварувања, Ференцварош славеше со минимални 1-0 над Горник Забже во Лига Европа, додека во Конференциската лига до победа стигна Аполон над Бран (1-0), а Панатинаикос и ЦСКА 1948 Софија ремизираа (1-1).

Фото: Fenerbahçe