Инфантино под притисок: Мароко ќе го добие финалето на СП 2030 во замена за политичка поддршка?
Според информациите, натпреварот за титулата би се играл на новиот стадион „Хасан II“ во Казабланка, кој ќе има капацитет од околу 120.000 гледачи и ќе биде еден од најголемите фудбалски стадиони во светот.
Во извештајот се наведува дека за возврат Мароко би требало јавно да му даде поддршка на Инфантино во период кога сè погласни се повиците за негово повлекување од функцијата претседател на ФИФА. Сепак, во конкуренција на реновираните „Сантијаго Бернабе“ и „Камп Ноу“, неверојатно звучи можноста, финалето на Светското првенство да се игра во Мароко, макар и на стадион со 120 илјади места.
Светското првенство во 2030 година ќе биде организирано од Шпанија, Португалија и Мароко, додека воведните натпревари ќе се одиграат во Аргентина, Уругвај и Парагвај, по повод стогодишнината од првиот Мундијал.
Засега нема официјална потврда од ФИФА или од мароканските власти за наводите на „Тајмс Спорт“, но доколку тие се покажат како точни, би можеле да предизвикаат нови контроверзи околу процесот на организација на Светското првенство во 2030 година.