Силекс со пораз ги заврши тестовите во Анталија

Македонскиот прволигаш Силекс загуби со 1-2 од Торпедо Кутеси на последниот пријателски меч, па така се враќа од зимските подготовки во Анталија со вкупно три порази и две ремија.

Екипата од Кратово немаше сила да го изненади ниту денешниот ривал (1-2), откако претходно загуби од Динамо Киев (0-4) и Ресовија Жешов (1-2), додека ремизираше со Сутјеска Никсиќ (2-2) и Согдијана Џизак (1-1).

Силекс во моментов се наоѓа на петтата позиција во македонската Прва лига со 26 бодови, колку што има и четвртопласираниот Тиквеш, додека пред нив е Шкендија со 28 бода на третото место.