Силекс ја сопна Шкендија, Работнички е нов лидер во Првата лига

Работнички денеска го совлада Воска Спорт со 2-0 и го искористи киксот на Шкендија против Силекс (0-0) за да го преземе врвот во Првата македонска фудбалска лига.

Екипата од Дебар Маало постигна по еден гол во двете полувремиња, и тоа преку Али Регба и Атхе Мазари за да оствари триумф од 2-0 против Воска.

Шкендија беше немоќна на гостувањето кај Силекс и освои само бод, а притоа доби и два црвени картони, па нема по добро да го памети гостувањето во Кратово.

Шкупи им се врати на победите, откако денеска во Чаир ја надигра Брера Струмица со 3-1. Домаќинот поведе со голот на Едмундсон во шестата минута, а потоа Канда погоди за 2-0, додека Ивковиќ во завршницата на првиот дел ја врати неизвесноста во мечот. Сепак, Ајетовиќ во 73. минута беше стрелец на последниот гол за конечни 3-1 за чаирчани.

Работнички е лидер со 19 бодови, по што следи Шкендија со 18, Гостивар со 17, Струга со 15, Силекс има 14, Шкупи 12, Брера 11, Пелистер 10, Беса 9, Тиквеш 7, Вардар 7 и Воска 5 бода.

Резултати - 9. коло ПМФЛ:

Гостивар – Беса 1-1
Пелистер – Тиквеш 0-0
Шкупи – Брера Струмица 3-1
Силекс – Шкендија 0-0
Вардар – Струга 1-4
Воска – Работнички 0-2