Шверцери ги построија и ги искараа играчите на Шкупи (ФОТО)

Македонија ЃП славеше во Чаир против Шкупи со 3-2 благодарение на хет-трикот на Бразилецот Карвалјо, а тоа предизвика незадоволство кај Шверцери.

Шверцери по поразот на Шкупи го покажаа своето незадоволство од резултатот и побараа објаснување од фудбалерите за лошиот настап против Македонија ЃП.

По завршување на есенскиот дел од сезоната, Шкупи се наоѓа на седмото место со 23 бодови.