Шкупи поведе, па доживеа тежок пораз на подготовките во Анталија

Македонскиот шампион Шкупи загуби од Пактакор од Узбекистан со 1-4 на пријателски натпревар пред почетокот на предизвиците во Првата лига.

Чаирчани постигнаа гол по само седум минути, меѓутоа потоа следеше распад во играта на тимот на Гоце Седлоски бидејќи узбекистанскиот клуб постигна дури четири погодоци (4-1).

Шкупи претходно беше подобар од Динамо Тбилиси со 2-0 и Олександрија со 2-1, додека загуби од Конкордија со 2-4.