Шкупи одигра нерешено против Ахмат Грозни на последниот тест во Анталија
Русите одиграа добро прво полувреме, по кое имаа водство од 1-0, но екипата од Чари успеа да го сврти резултатот во своја корист со головите на Омар Имери и Марко Ѓорѓиевски (2-1).
Шкупи, сепак, не го издржа притисокот на Ахмат Грозни до крајот, па прими гол во завршницата за конечни 2-2.
Тимот од Чари претходно загуби од Факел Воронеж со 0-1 и Лех Позњан со 1-4, додека славеше против Сумгаит со 2-1, а нерешено одигра против Черноморец (1-1).