Шкупи и официјално го промовира Ќатип Османи за нов тренер

Откако доби отказ од редовите на Шкендија, тим со кој освои три титули, Ќатип Османи е нов предводник на македонскиот прволигаш Шкупи.

Оваа вест и официјално ја потврдија од тимот, откако пред кој пред неколку дена му дадоа „шут - карта“ на Булент Акин.

ФК Шкупи со задоволство го објавува договорот со познатиот тренер Ќатип Османи. Еден од најтрофејните тренери во земјава, го презема раководството на нашиот тим и веќе го стави потписот за соработка, а ќе се задржи во клубот до 2021 година.

Османи на ова место доаѓа како замена на Булент Акин, додека асистент ќе му биде Башким Ливорекен.

Ќатип Османи е многу добар познавач на локалниот фудбал и практикува повеќе напаѓачка игра. Тој беше дел од Шкендија во последните сезони, со која освои две шампионски титули и еден трофеј. Исто така го водеше тимот на Ренова во текот на кариерата, освојувајќи вкупно три шампионски титули, трофеј во Купот и Супер купот. Османи е третиот тренер што ќе седне на нашата клупа оваа сезона, бидејќи пред него имавме двајца турски тренери, Умит Каран и Булент Акин.

Осман своето деби со нашиот тим ќе го има во среда (25.09.2019) на натпревар од Купот со ФК Силекс, додека дуелот со Академијата Пандевин екипата ќе ја предводи Орхан Абди.

Османи пред нешто повеќе од две недели беше избркан од Шкендија, поради слаби резултати во новата сезона во која не успеа да запише победа во домашниот шампионат.