Шкупи: Херојската душа Лазаров спасувал животи, но на крај се задушил од чадот!

Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната вест за смртта на фудбалерот на Андреј Лазаров кој животот го загубил обидувајќи се да помогне во хаосот кој се случувал во дискотеката „Пулс“.

Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија меѓу другото од Шкупи.

Лазаров го загуби животот на 25-годишна возраст, а во кариерата настапуваше уште за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш и Горица.