Шкендија ја потврди разделбата со Фелипе

Бразилецот Фелипе пристигна во Шкендија во јули од редовите на Вардар како најголемо засилување, но откако не се прослави во досегшаниот дел од сезонатаа, екипата од Тетово реши да му го раскине договорот.

Шкендија на официјалниот веб-сајт објави дека управата имала состанок со фудбалерот во текот на вчерашниот ден, по што донеле одлука дека најдобро за двете страни во моментов е да се раскине договорот.