Се исплатеше смената на Османи: Шкендија го суреди Работнички и му го препушти дното!

Смената на тренерот кој донесе две шампионски титули по ред, Ќатип Османи во тетовска Шкендија донесе плод, па актуелниот првак првпат сезонава победи во петтото коло од Првата лига, после триумфот со 3-0 против бившиот шампион Работнички, за да го напушти дното на табелата во домашната елита.

Шкендија конечно запиша победа остварена за пола час игра во првиот дел, кога Стенио Жуниор (19-та) и Арменд Алими (32.) погодија во мрежата на дебармаалци и со тоа го вратија шампионот на победничкиот колосек, а Енур Тотре во 90-та минута постигна трет гол само за да ја запечати победата на првакот. Шкендија имаше само еден бод во четири кола и само еден постигнат гол, по што Османи доби отказ за слабите резултати и таа смена очигледно позитивно сега делуваше кај тетовци, предводени од привремениот кормилар Ерхан Селими.

Работнички и по пет години останува без триумф под Шара, со врзани три порази во низа и пласман на самото дно, што е премалку за „романтичарите“, без оглед на новата реконструкција на тимот и подмладувањето на екипата што ја предводи Александар Влахо.