Росоман не се шегува: Му посака добредојде на - Роналдо! (ФОТО)
Имено, нов член на ФК Росомен е Роналдо Фазлиов кој во клубот пристигнува од редовите на Дреново.
„Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов, кој ни се приклучува од редовите на ФК ДРЕНОВО.!
Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб. Добредојде Роналдо“, стои во објавата на третолигашот на социјалните мрежи.
