Ристевски: Пелистер - Вардар е најголемото дерби, мотивацијата е голема!

Утре почнува 25. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Пелистер од 15 часот во Битола ќе го пречека Вардар во големото дерби.

За дефанзивецот Александар Ристевски кој во последно време е и голгетерски расположен, дуелот меѓу Пелистер и Вардар е најголемото дерби во македонскиот фудбал. Тие имаат почит за противникот, но се надеваат дека бодовите ќе останат во Битола.

„Се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал. Горд сум што го носам дресот на Пелистер, ќе се бориме со сите  сили за да ги освоиме бодовите. Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво. Имаме многу респект за Вардар како колектив. Сепак, ние сакаме да одиграме за себе, за клубот и градот кој секогаш ни дава огромна поддршка. Се надевам дека епилогот ќе биде позитивен за нас“, изјави Ристевски.

Се очекува мечот да биде распродаден, профитот собран од билетите ќе биде дониран за погодените од пожарот во Кочани. 

На ова дерби нема да има навивачи на Вардар кои решија дека поради немилиот настан во Кочани, не е во ред да одат на гостувањето во Битола.