Ренова за Лига Европа се засили со Јашароски во нападот

Тетовска Ренова се засили во нападот за европската летна авантура во Лига Европа со доскорешниот напаѓач на Македонија ЃП, Ален Јашароски.

Тетовци го ангажираат Јашароски како засилување после само една негова сезона кај „лавовите“ и денеска го промовираа. Тој е второ засилување на Ренова летово, после Емран Рамадани кој се врати во старото јато пред неколку дена.

Јашароски е поранешен фудбалер на Скопје, Металург, Работнички, Македонија ЃП и Шкупи, а една сезона играше и во косовска Приштина.