Ренова со нов тренер во новата сезона

Тетовска Ренова со нов тренер ќе ја започне новата сезона, откако денеска „гипсарите“ го промовираа Јетон Беќири за кормилар на тимот.

Беќири, кој работеше во Шкендија, како и во Албанија сега го презема поранешниот македонски шампион со желба Ренова во новата сезона да игра поголема улога во домашниот шампионат.

Ренова пред крајот на минатата сезона остана без човекот кој ги донесе најголемите радости во Џепчиште, Влатко Костов, кој си поднесе оставка, па „гипсарите“ ги водеше тренерски двоец Агрон Мемеди и Куштрим Абдулаи. Сега Мемеди останува помошник на Беќири.