Радовишани ќе изгубеа глава во Виница - ги гаѓале со лименки и пиротехника! (ФОТО)

Мечот помеѓу ФК Слога и ФК Детонит поминал во навистина ужасна атмосфера, а како што пишува „Радовишњуз“, фудбалерите на клубот од Радовиш биле нападнати со пиротехнички материјали и тврди предмети, при што тренерот на клубот и дел од стручниот штаб заработиле повреди.

Исто така, радовишкиот клуб постигнал водечки погодок во петтата минута, но истиот бил поништен, по што почнало и гаѓањето со предмети, а на крајот морала да интервенира и полицијата.

И покрај сите овие услови, делегатот на мечот решил дека може да се продолжи мечот, па ФК Детонит морал да се врати на теренот.

ФК Детонит се повлече од натпреварот но делегатот заклучи дека ги има условите за продолжување, со што беше вратен на теренот.





ФОТО: Радовишњуз