Пукна во Вардар: Играчите во штрајк поради неисплатени плати!

На само 24 часа пред стартот на новата сезона во Втората лига, се случува драма кај најтрофејниот македонски клуб Вардар. Играчите попладнево одбија да тренираат поради неисплатени плати, екипата се собра но не вежбаше.

Според фудбалерите ова е последна опомена за актуелното раководство, од каде што стигнуваат смирувачки тонови дека долговите ќе бидат исплатени и дека за црвено-црните доаѓаат мирни времиња.

Екипата утре ќе патува за Чегране, на дуелот со Арсими, но допрва ќе се види како последниве настани ќе влијаат на формата.

Едно е сигурно - ако во наредните неколку дена фудбалерите не добијат пари, повторно доаѓаат црни денови за Вардарци.