Прва победа на Вардар на подготовките во Анталија

Најтрофејниот македонски тим Вардар во третиот меч стигна до првиот триумф на подготовките во Анталија.

По поразите од Заглебје и Аркадаг, „црвено-црните“ беа подобри од узбекистанскиот Металург Бекабад со 2-0. Стрелци на головите беа Ристовски во 16. и Лемос во 43. минута, па во второто полувреме немаше поголеми возбудувања.

Својот четврти натпревар од подготовките, Вардар ќе го одигра в понеделник против швајцарскиот Кројцлинген, а престојот во Анталија ќе го заврши со дуелот против Колос од Украина во вторник.