Поранешниот македонски шампион Работнички ја запиша првата сезонска победа после денешниот триумф против Беласица во второто коло во новата сезона во домашната елита, триумф кој го обезбеди екс-фудбалерот на Вардар и летно засилување, Фахрудин Ѓурѓевиќ со двата гола за триумфот (2-0).

Ѓурѓевиќ најави дека ќе биде големо засилување за дебармаалци во оваа сезона, откако попладнево на Националната Арена „Тодор Проески“ со два потега ги реши струмичани, постигнувајќи прво гол за водство во 38-та минута, а потоа и пет минути по почетокот на вториот дел за први бодови сезонава за „романтичарите“, кои во првото коло во 92-та минута загубија во Ѓорче Петров.

Можеше Работнички да победи и поубедливо, одигра далеку подобро од Беласица, но сите шанси не успеаа да ги искористат „романтичарите“ во вториот дел особено после водството од 2-0 кога Петар Петковски и Кристијан Стојковски имаа добри шанси за погодоци. 

Ѓурѓевиќ после шест години се врати во Македонија како засилување за дебармаалци, па очигледно неговиот ангажман ќе биде полн погодок. Брегалница ја доживеа и вториот пораз и по 180 прволигашки минути откако се врати во домашната елита нема постигнато гол, откако во првото коло дома се избламира против Силекс со поразот со 0-6.