Продолжува очајната форма на Работнички без победа и без постигнат гол (ФОТО)

Работнички и Ренова го отворија 16.коло во Првата македонска фудбалска лига со натпревар без голови на арената „Тодор Проески“ во Скопје. 

Трите бода им беа очајно потребни на „романтичарите“ за да излезат од кризата, што ги зафати во последниот период. И по промената на тренерот и доаѓањето на Борче Христов на клупата не се променија премногу работите во таборот на скопскиот тим, кој сега е во низа од четири натпревари без победа (три порази и едно реми) и на сите четири нема постигнато ниту еден гол. 

Очигледно дека Христов има многу за работа во овој тим на Работнички, кој секако дека поседува играчки квалитет. Ренова можеби ќе биде позадоволна од бодот, но ризикува Шкендија да се одвои на третото место, бидејќи утре игра натпревар со „фенерџијата“ Пелистер. 

ПРВА ЛИГА 16.КОЛО
(утре, 13 часот)
Струга - Тиквеш
Академија П. - Брегалница
Борец - Македонија ЃП
Шкендија - Пелистер
Скопје - Шкупи