Премиерот Заев си заминал пред да почне дивеењето на Шверцерите!
Првиот човек на Владата денеска ги повика организаторите на петочниот настан да си понесат одговорност и да ја надоместат штетата, која воопшто не е мала според проценката на директорката на оваа културна установа, Симона Угриновска.
„Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Јас бев информиран дека учествувам во првиот дел на активностите, а тоа е делот на одбележувањето на Денот на албанската азбука, без присутен таму, останав дури малку и на коктелот и заминавме. Ми кажаа дека има втор дел, за млади. Вториот дел не била толку културна манифестација. Треба да понесат одговорност одговорните луѓе за таа работа", изјавил Заев.
Премиерот воедно не одговорил директно дали ќе бара одговорност и од пратеникот Артан Груби, кој беше посочен како координатор на прославата на „Шверцери“, чиј водач во минатото беше и тој самиот. Навивачите наводно непланирано влегле во МНТ за да го проследат документарниот филм за тридецениското постоење на групата, но за време на прикажувањето почнале да се качуваат по столчињата и да висат на реквизитите, кои биле сериозно оштетени.