Потоп на Вардар во Струмица: Пандевци за пола час решија сѐ (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски клуб Врадар доживеа вистински потоп за пола час во Струмица во новото дерби за опстанок, откако Академија Пандев им даде три гола во тој период и стигна до убедливи 3-0, практично решавајќи го прашањето за победникот на овој меч, по што црвено-црните ќе останат претпоследни на табелата.

Струмичани со два пенали и една кардинална грешка на одбраната успеаа да стигнат до убедливата победа со која се враќаат на победничкиот колосек, а повторно ќе бидат три бода над зоната за баражи, ама сега дури шест од зоната во која беа до пролетва, во зоната за испаѓање.

Марјан Радески во 14-та погоди од пенал после игра со рака на Бојан Најденов, Марио Крстовски во 24-та ја искористи големата грешка за да го дуплира водството, а Ѓорѓи Стоилов во 34-та ги дотолчи црвенк-црните со погодок од вториот пенал што им беше свирнат на Пандевци.