Градскиот стадион во Штип требаше да биде нова макеоднска убавица. Со фанфари се најави реконструкција во трипартитен договор, по кој ФФМ инвестираше во првата фаза на штипјани да им направи терен, кој го „изгореа“, па сега тој е – ораница.

За да се нашминкаат подобрените услови за гледачите, ете во реконструкцијата на фудбалски стадион во Македонија на некого му текнало да направи пешачка патека како пристап до трибните. За да можеле штипјани нормално да одат на мечеви на Брегалница и да не пропаѓаат во калта околу стадионот.

Штипскиот стадион е само еден во низата утки, на најавени сериозни инфраструктурни подобрувања во македонскиот фудбал. Тетово остана само со нов терен и со руинирани трибини. Битола, пак, остана и без еден дел од стадионот, урнат со намера дека ќе се градел нов. Во Прилеп веројатно најбрзо ќе се заврши реконструкцијата и шминкањето, а на другите места низ Македонија – стадионоте изгледаат полошо и од свињарници.

И после се чудиме зошто фудбалот уште ни бил застанат во 19-от век.

ФОТО: Штипски асови