Николоски горд на „децата“ од Победа: Вие сте лавови, покажавте дека не е сѐ во парите!

Поранешниот шампион на Македонија, Победа од Прилеп и идната сезона ќе настапува во Втората лига откако во денешниот бараж го победи Куманово со 2-1.

Клубот кој некогаш доминираше во домашниот фудбал последните сезони е далеку од тие денови, па триумфот во битката за опстанок е исклучително важен и голем успех. Тренерот Јане Николоски поради тоа им честиташе на своите млади фудбалери кои некако го одржаа клубот во Втората лига.

„Деца, вие не сте деца, вие сте лавови. Покажавте како треба да се сака Победа и Прилеп. Некогаш во животот не е се во материјалното, тоа го покажавте во овие изминати месеци, Господ да е со вас секогаш и секаде и капа до под за сите вас. Денеска сум најгорд тренер на светот, ви благодарам“, напиша Николовски.

Фудбалерите на Победа цела сезона ја одиграа без никакви примања, односно не добија ниедна плата.