Националната Арена „Тодор Проески’’ е подготвена за меѓународни натпревари

Акционерското друштво за изградба и стопанизување на станбен и деловен простор информираше дека Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде приспособена за меѓународни натпревари.

Тоа значи дека Арената во целост ги задоволува потребите кои ги наложува Европската куќа на фудбалот (УЕФА), така да сите македонски екипи кои оваа есен играат во европските натпреварувања, како и историскиот бараж на нашата репрезентатија со Косово, ќе можат да ја користат арената.

Фотосиметриското мерење на рефлекторскиот систем на „Националната Арена Тодор Проески’’ кое беше извршено во рамките на редовната годишна контрола покажа дека осветлувањето во потполност ги задоволува стандардите на Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА). Претходно, целосно беше завршена реконтрукцијата на тревната површина на стадионот. Со ова, Националната Арена е комплетно подготвена за претстојните натпревари, пред се за историскиот бараж на нашата репрезентација со репрезентацијата на Косово кој треба да се одигра во Октомври, како и за меѓународните клупски натпревари. Домашните и странските спортисти ќе имаат беспрекорни услови за игра, што е впрочем и континуирана заложба на нашето Друштво, соопштија од АДСДП.