МВР го казни ФК Охрид со 30.000 евра за средбата против Вардар!
Охриѓани се санкционирани според Законот за спречување на насилство на спортските терени и тоа поради, меѓу другото, немање доволен број редари со оглед што на трибините се нашле и навивачи на гостинската екипа. Една од причините за тоа е фактот што обезбедувањето не успеало да спречи контакт помеѓу популарните „Комити“ и останатата публика на стадионот.
Платни налози за глоба, кои биле изречени за клубот и за одговорните лица, се од огромен износ, особено за второлигаш, поради што на Охрид му се заканува финансиски колапс.
ФОТО: Охрид Скај