Македонија ЃП: Време е за оставки!

Сè уште не се смируваат страстите по натпреварот меѓу Гостивар и Македонија Ѓорче Петров, откако главниот судија Стојанче Стојанов ги оштети гостите од Скопје во завршницата од натпреварот.

Стојанов не покажа на белата точка, по еден невнимателен старт на Атимен, а потоа на спротивната страна досуди пенал за Гостивар кој беше реализиран од страна на Кехинде (1-0).

„Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во Првата македонска фудбалска лига. Марјан Ристески и оваа судиска организација на ФФМ се поголеми виновници и воедно потврдија дека се најслаби во историјата на ФФМ, без никаков авторитет. Марјан Ристески и Димитар Мечкаровски време е за оставки“, реагираат од Македонија ЃП.