Станковски стрела во серија - трет натпревар по ред (ВИДЕО)

Раднички Крагуевац го победи Јединство Уб со 4-0 во 12. коло од српското фудбалско првенство, а свој придонес во победата имаше и македонскиот интернационалец Лука Станковски.

Тој го постигна третиот гол за својот тим, во 33. минута со што ја круниса одличната игра имајќи предвид дека претходно имаше неколку добри акции. Ова е негов трет гол сезонава и трет по ред откако погоди и во претходните две кола, против Чукарички и ТСЦ.

Раднички е едно од најпријатните изненадувања во српското првенство оваа сезона. Во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата со 20 бода, но мора да се знае дека има три меча повеќе од Партизан со кого ја дели позицијата, два од Раднички Ниш кој е седми и еден од Чукарички кој е шести.