Срам за Барселона: Автобусот на Баерн изрешетан со камења пред мечот од ЛШ

Никој од експедицијата на Баерн не кажа ништо по натпреварот против Барселона, но не е исклучено траумата од пред почетокот да одиграла важна улога во конечниот исход од дуелот на двата гиганта.

Дури по враќањето на Баерн во Минхен, германските медиуми објавија дека клупскиот автобус на баварскиот гигант бил каменуван и изрешетан од заседа. Според информациите на Билд, автобусот бил оштетен, на еден од прозорите имало дупка, а вратата кај возачот е оштетена, но за среќа, никој не бил повреден.

Останала само траумата кај сите во тимот при доаѓањето на Олимпискиот стадион во Барселона што можеби подоцна предизвика послаба игра, а тоа резулттираше со пораз.

Баерн нема намера да остане рамнодушен на овој напад и за инцидентот веднаш била известена УЕФА која почнала истрага за настаните во Барселона.