Почина поранешен бразилски репрезентативец и светски вицешампион!

Поранешниот бразилски репрезентативец, Зе Карлос почина на 55-годишна возраст.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Зе Карлос починал во сон. Во целата своја кариера настапуваше за бразилски клубови, а со репрезентацијата на „Кариоките“ во 1998 година играше финале на Светското првенствл.

„Зе Карлос беше важен член на тмот во 1998 година кога стигнавме до финалето. Беше одличен играч кој оствари голема кариера во неколку клубови. Во овој момент изразувам сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез.