Македонија ЃП го освои Велес, Брегалница му пресуди на Арсими

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров освои нови бодови и се зацврсти на врвот на табелата во Втората лига, откако славеше со 2-0 против Борец во Велес.

Борец успешно им одолеваше на нападите на скопскиот тим дури 60 минути, но потоа пристигна првиот гол на Македонија ЃП која поведе преку Симеон Христов.

Македонија ЃП го потврди триумфот во самата завршница, кога Христов реализираше повторно и погоди за 2-0.

Арсими водеше со 1-0 во Штип со голот на Шефит Шефити, но Брегалница успеа да го сврти резултатот во своја корист и преку Даноски и Калпачки стигна до пресврт.

Резултати - 12. коло - Втора лига:

Борец – Македонија ЃП 0-2
Брегалница – Арсими 2-1
Детонит Плачковица – Беласица 2-1
Скопје – Башкими 2-1
Кожув – Охрид 0-0
Осогово – Победа 4-1
Вардар Неготино – Каменица Саса 0-1
Вардарски – Новаци 0-2

Македонија ЃП е лидер со 29 бодови, по што следи Брегалница со 27, Башкими има 26, а четврти е Арсими со 23 бода.