Македонија ЃП го официјализираше четвртото засилување Фисник Зука

Куп-победникот Македонија ЃП вечерва го официјализираше своето четврто летно засилување, левиот бек Фисник Зука кој доаѓа да го пополни испразнетото место после заминувањето на Давид Атанаскоски во албански Партизани.

Зука во Ѓорче Петров доаѓа од тетовска Ренова, откако овој прволигаш го распушти комплетниот тим, а е поранешен фудбалер и на Работнички и Шкупи и е четврто засилување во Ѓорче Петров, после Христијан Пецов, Бојан Илиевски и Александар Ѓорѓиески.

„Лавовите“ се на подготовки во Маврово, а со нив е и вториот „гипсар“ Џон Мина, колумбискиот интернационалец, кој деновиве исто така треба да биде промовиран како летно засилување прво за европската авантура во Конференциската лига, а потоа и за новата прволигашка сезона.