Куп на Македонија: Шкендија со Гостивар, Вардар со Саса, финалистите - слободни

Пред почетокот на новата сезона во Првата лига, познати се и двојките од првото коло во најмасовното фудбалско натпреварување во нашата држава - Купот на Македонија.

Ждрепката, која се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку интересни дуели.

Двојки (1. коло): Охрид - Беласица, Фортуна - Силекс, Кожув - Ренова, Кравари - Лабуништа, Саса - Вардар, Кит-Го - Пелистер, Црнилиште - Брегалница, Локомотива - Струга, Влазерими - Работнички, Љуботен - Тиквеш, Превалец - Борец, Осогово - Победа, Гостивар - Шкендија.

На старотот од ова натпреварување слободни се минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Академија Пандев. Титулата ја бранат „пандевци“, кои во минатогодишното финале славеа по изведувањето на пеналите.

Првите натпревари од Купот на Македонија се закажани за 21 август.