Куп на Македонија: Шкендија конечно победи, Ренова се спаси и преку пенали во осминафинале!

Актуелниот македонски шампион Шкендија конечно победи и со 4-1 на гостувањето во Гостивар го завери осминафиналето во најмасовното домашно натпреварување, во кое сите прволигаши победија, a најтешко мина Ренова со спас во последен час на прволигашкиот лидер и триумф на пенали во Гевгелија.

Тетовци после очајот во Европа и ужасниот старт во Првата лига, успеаа да дадат гол од игра преку Фелипе, првенец за бившиот вардарец, со што си го отворија патот кон триумфот, а Омар Имери, Бесарт Ибраими и Реџепи погодија уште во мрежата на домаќините за да ја запишат убедливата победа и да го минат воведното коло во Купот.

Тетовска Ренова на три минути пред крајот се спаси во Гевгелија за да не испадне, па преку пенали со 3-4 славеше за пласман во следното коло, во најинтересниот и највозбудлвиот меч во оваа рунда. Кожув двапати водеше, со 1-0 и 3-2, но не успеа докрај да издржи за да го направи најголемото изненадување.

Шкупи без мака со хет-трик на Сержињо стигна до победа над Тетекс, Работнички и Силекс со по 4-0 го заверија пласманот понатаму. Во следната рунда оди и амбициозниот Осогово, кој го елиминира бишвиот првак и победник на Купот, Победа со трумфот со 1-0.

После комплетирањето на овие мечеви познати се 15 екипи кои ќе играат во осминафинале, а се чека на последниот дуел помеѓу Каменица Саса и Вардар закажан за идната среда

ДВОЈКИ ЗА ШЕСНАЕСТИНА-ФИНАЛЕ ВО КУПОТ

Фортуна – Силекс 0-4

Охрид – Беласица 5-4 на пенали, 1-1

Кожув – Ренова 3-4 на пенали, 3-3

Кравари – Лабуништа 1-4

Тетекс – Шкупи 1-5

Локомотива – Струга Трим Љум 1-5

Влазерими – Работнички 0-4

Превалец – Борец 0-4

Осогово – Победа 1-0

Гостивар – Шкендија 1-4

Каменица Саса – Вардар ќе играат на 28 август

ВЧЕРА

Кит Го – Пелистер 4-5 на пенали, 1-1

Љуботен – Тиквеш 1-5

ЗАВЧЕРА

Ново Црнилиште – Брегалница 0-22

слободни се екипите на Македонија ЃП и Академија Пандев