Куп на Македонија: Четири желби - две места за големото финале!

Денеска се играат реванш полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, два второлигаши ќе се обидат да испишат клупска историја, Шкендија и Силекс не скаат да дозволат изненадување.

Во Кратово, Силекс го пречекува тимот на Охрид, првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши нерешено 1-1. Кратовскиот тим е фаворит во оваа пресметка, но охриѓани покажаа дека знаат да победуваа прволигаши, тоа на своја кожа го почувствува Вардар.

Интересно ќе биде и во второто полуфинале во кое Шкендија Арачиново ќе ја има улогата на домаќин против Шкендија Тетово, но натпреварот се игра на наутрален терен во Куманово. 

Тетовскиот тим ќе брани предност од 3-2 од првиот полуфинален дуел и ќе сака да покаже кој е кој. Тие го губат чекорот со Вардар во трката за шампионската титула, па трофејот од Купот на Македонија може да им биде утеха оваа сезона.

Двете средби се играат денеска со почеток од 16 часот.