Нејмар: Му се извинувам на Робињо Жуниор - ги загубив нервите!
Пред извесно време се случи голем инцидент на тренингот на Сантос во кој Нејмар физички го нападна Робињо Жуниор откако тој со дриблинг го понижил.
Бразилските медиуми се полни со овој настан, а сега Нејмар и јавно проговори за ситуацијата.
„Тоа требаше да го решиме меѓу нас. Тоа беше недоразбирање на тренинг и мојата реакција беше претерана. Му се извинив веднаш после тоа, Робињо Жуниор и јас разговаравме во соблекувалната. Тој е момче кон кое имам посебни симпатии. Таквите работи се случуваат во фудбалот, ќе се скараш со брат, со пријател... Сум се карал со повеќе пријатели во фудбалот“, вели Нејмар.
„Ако сакате и јавно извинување, еве го. Веќе му се извинив нему и на неговото семејство. Да, ги загубив нервите. Сите грешат, тоа беше моја грешка, негова грешка, со тоа што мојата беше поголема“.
„Веќе се извинив и мислев дека тоа го решивме во соблекувалната. Повторно се најдовме во понеделникот, се извинив пред целиот тим, се извини и тој. Мислевме дека се е решено, но понекогаш луѓето се обидуваат да се вмешат и да ги напумпаат работите“.