Снајдер се изнервира: УЕФА требаше да го прекине дуелот на Арсенал и Атлетико

Легендарниот холандски фудбалер Весли Снајдер проговори за полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Арсенал и Атлетико, одигран синоќа на Емирејтс.

Голот на Букаја Сака кон крајот на првото полувреме му обезбеди на лондонскиот тим место во финалето на Лигата на шампионите, првпат по 20 години. „Топчиите“ славеа со 1-0 со што создадоа можност за освојување на натпреварувањето за прв пат во историјата. Натпреварот беше во голема мера тврд, без многу шанси, поради што Весли Снајдер имаше низа критики во својата анализа.

„По првите 35 минути сакав да се јавам во УЕФА и да им кажам да го прекинат овој натпревар, да ги принудат играчите да го напуштат теренот и да донесат извршна одлука дека утрешниот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн е финале на Лигата на шампионите“, рече Снајдер.

На двата натпревара меѓу Арсенал и Атлетико паднаа вкупно три гола, додека само на првиот меч на ПСЖ и Баерн имаше девет.