Кожув ја „замолува“ ФФМ да ги оправи судиите или - ќе истапи од лига (ФОТО)

Второлигашот Кожуф викендов загуби на домашниот пресметка со Вардар Неготино (0-1), по што челниците на клубот од Гевгелија решија да испратат соопштение во вид на жалба за арбитражата и судиските грешки.

Гевгеличани се пожалија дека се оштетени на оваа средбат, но и претходно на средбите против Тетекс дома, Башкими на гости, Новаци на гости, против Караорман во Струга.

Кожуф побара од Судиската комисија да ги разгледа спорните натпревари и да направи нешто за лошата арбитража, во спротивно најави дека размислува дури и за повлекување од ВМФЛ.