Извлечени се осминафиналните двојки во Купот на Македонија

Во осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија ќе се играат три прволигашки пресметки. 

Еден од главните фаворити за трофејот Шкендија доби второлигашки тест против Гостивар, додека Вардар ќе игра на гости кај Академија Пандев. Ренова ќе ги одмери силите со Пелистер, додека Работнички гостува во Струга.

Повторно се игра еден натпревар до рамки на осминафиналето, а натпреварите се на програмата на 21 октомври. 

ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА

Академија П - Вардар
Македонија ЃП - Саса
Шкендија - Гостивар
Шкупи - Кит Го
Кожув - Силекс
Струга - Работнички
Брегалница - Беласица
Ренова - Пелистер