Историски успех за Тиквеш - го освои првиот трофеј во Купот на Македонија! (ВИДЕО)
Кристијан Стојкоски во завршницата на првото полувреме на мајсторски начин погоди од слободен удар за предност од 1-0 на Тиквеш пред паузата.
Кавадарчани искористија уште една шанса во вториот дел, односно во 59. минута кога Луан Силва погоди за 2-0, по што Никола Шаркоски стрелаше во 77. минута и ја врати надежта на Воска.
Воска доби уште една голема шанса во втората минута од судиското надополнување, но Тиквеш се одбрани и славеше со 2-1.