Инцидент на „Железарница“: Навивач сакаше да се тепа со фудбалерите (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Скопје и Башкими беше прекинат во завршницата на првото полувреме, кога еден навивач влезе на теренот и сакаше да се пресмета со фудбалерите.

Во мешаницата на теренот учествуваа фудбалери на двете екипи, но за среќа не се случи поголем инцидент и физичка пресметка на теренот.