Хаос на Чаир: Шкендија поведе, па Шверцери ги нападнаа тетовци (ВИДЕО)

Големата пресметка на кандидатите за трофеи во четвртфиналето на Купот помеѓу Шкупи и Шкендија не дочека ни десет минути, а се прекина откако вистински хаос направија навивачите на домашните „Шверцери“ откако Дашмир Елези даде гол за водство на Шкендија.

Експресно откако Елези погоди во домашната мрежа, неколку навивачи на чаирчани влегоа на терен, па ги нападнаа тетовци и потоа влезе и полицијата за да спречи уште поголем хаос, па Шкендија и судиите се повлекоа и се чека расплет на ситуацијата како ќе се доигра мечот.