Струга Трим Љум облече манекенки за да го претстави новиот дрес (ФОТО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум ги промовираше своите гостински дресови за оваа натпреварувачка сезона. Стружани тоа го сторија на невообичаен начин за наши услови, со манекенки кои позираа заедно со дел од фудбалерите на тимот.

Фудбалерите на овој тим првата можност да се пртетстават во белиот дрес на „Адидас“ ќе ја имаат веќе в сабота на гостувањето во Скопје, против екипата на Вардар, меч кој е закажан за во 15:30 часот.