
Гореше Неготино: Вардарци влезот во Втората лига го прославија со пиро-шоу (ВИДЕО)
Фудбалерите на овој тим цело време ја имаа поддршката на верните „Винари“, кои вечерта направија големо пиротехничко шоу во чест на нивните миленици, кои го вратија клубот во второто по квалитет натпреварување.
Неготинци беа на работ од бездната, со оглед што до пред самиот крај беа во негатива во мечот со Новаци, но прво изедначија во 89. минута, за потоа да бидат подобри изведувачи на ударите од белата точка.