Иако ја освоија титулата уште минатиот викенд, Шкендија ја продолжи победничката серија и денеска во голеадата со осум погодоци на Националната Арена „Тодор Проески“ го победија Работнички (5-3) за осми триумф во низа на новокрунисаниот шампион на Македонија.

Единствениот меч од ова вонредно 30-то коло на кој немаше некој резултатски императив зашто тетовци веќе се прваци, а Работнички сигурен прволигаш со од претходно загубени шанси за излез во Европа, двата тима одиграа меч за сладокусци со осум погодоци, во кој завршните десет минути донесоа половина од вкупниот број на голови.

Шкендија веќе месец и половина реди само победи, а денешниот го обезбед во последните десет минути кога Валмир Нафиу, Арменд Алими и Бесарт Ибраими во интервал на по пет минути од 80-та до 90-та минута дадоа три гола, а Работнички преку Стефан Јевтовски само еден.

До овој завршен периот, Марио Станковски донесе рано водство по 120 секунци, па Шкендија направи пресврт до крајот на полувремето со головите на Игор да Силва и Рубин Хебај, за Фахрудин Ѓурѓевиќ да израмни на средина на вториот дел и потоа следуваше голеадата во завршницата.