Гачевски удри по Муслиу: Не ми се верува дека ти играш за репрезентација!

Голманот на Вардар, Филип Гачевски преку социјалните мрежи му се обрати на фудбалерот на Шкендија Висар Муслиу и го потсети на една негова изјава дадена на стартот на сезоната. 

Поранешниот стопер на најтрофејниот македонски клуб во еден наврат изјави дека сезонава Шкендија нема вистински ривал во трката за титулата, бидејќи Вардар е уште послаб од минатата сезона. 

По вчерашниот триумф на Вардар против Работнички, Гачевски напиша статус на „Фејсбук“ директно упатен кон Муслиу.