Гачевски ја „пецна“ Шкендија: Април, а во Тетово е -11, однесете им дрва!

Во моментов е прекината македонската Прва лига поради пандемијата на коронавирусот, а ако се суди според табелата Вардар е блиску до освојување на нова титула затоа што има огромни 10 бодови предност пред Силекс и 11 пред актуелниот шампион Шкендија.

Вардаровиот голман Филип Гачевски реши да ја „пецне“ Шкендија од карантин и напиша дека во моментов во Тетово е -11, иако е април.

„Април, а во Тетово е -11. Однесете им дрва“, напиша Гачевски.