Фудбалот во Македонија се враќа за пет дена со – баражите за Втора лига!

Фудбалот во Македонија после повеќе од три месеци прекин поради пандемијата со коронавиусот се враќа со баражи за пласман во Втората лига, откако во Фудбалската федерација на Македонија денеска без извлечени двојките за пресметките преку кои ќе се пополнуваат двете групи во второлигашката конкуренција.

Иако ФФМ откажа се на фудбалски план за актуелната сезона, па стартот на новата е закаан за во август, сепак од оваа сезона фудбал ќе се игра и тоа кај третолигашите, кои низ баражите ќе се борат за пласман во повисок ранг. ФФМ реши Првата лига да ја прошири за 12 екипи, да нема испаѓање од Првата и Втората лига, но да се игра фудбал во третолигашката конкуренција, а сега за овие мечеви ќе мора да се следи протоколот кој ФФМ однапред го подготви за доигрување на сезоната, ама ќе важи и за новата.

Баражите ќе се играат во Тетово и во Штип. За пополнување на западната група, овој плејоф почнува со мечот Чаклани – Фортуна, а три дена подоцна ќе играат Чаклани и Фелешта, за на 13 јули да се одигра мечот Велешта – Фортуна, ако има натпреварувачко значење овој меч

Во Штип, пак, за пополнување на источната група Росоман и Слога Виница ќе се пресметаат на 10 јули.

Сите мечеви се закажани за 17 часот.